Промовирана изборната програма на кандидатот за градоначалник на Крива Паланка

Од:

Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка Арсенчо Алексовски вечерва  ја презентира изборната програма за неговата кандидатура на претстојните локални избори.

На презентација во Центарот за култура во Крива Паланка присуствуваа министрите за надворешни работи и за образование и наука Никола Поповска и Панче Кралев, Борис Змејковски, првиот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот на Општина Ранковце Орце Тодоровски и други претставници, членови и симпатизери на партијата.

– Во декември минатата година Македонија го доби најпозитивниот извептај од Европската комисија, која беше четвртата по ред препорака за почнување преговори за членство во Европската унија, истакна министерот Поповски на презентацијата.

Тој, меѓу другото, подвлече дека Владата прави напори за изгрaдба на Коридорот 8, значен и за кривопаланечкиот регион и за целата држава.

Поповски укажа и дека напорите на Владата за подобар живот на Македoнците се движеа и во насока на намалување на невработеноста. Затоа се посветивме на привлекување странски инвестиции, кои пристигнуваат од САД, Русија, Индија, Кина, Германија, Англија, Катар, Турција… посочи министерот за надворешни работи.

Алексовски, кој е во трка за втор градоначалнички мандат, ги истакна приоритетите  за наредните четири години: гасификација на Крива паланка, ставање во функција на водоводниот систем, изградба на мини-хидроцентрали, уредување на коритото на Крива Река и други објекти  од инфраструктурата.  Најави дека ќе преземе активности со кои ќе придонесе за локалниот економски развој и проекти  од областа на образованието и науката, културата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети