Промовирана фототипското издание на Граматиката на македонскиот литературен јазик на Лант

Од:

Фототипското издание на „Граматика на македонскиот литературен јазик“ од американскиот лингвист, Хорас Лант, објавена пред 60 години, прва на англиски јазик, беше промовирано од страна на Фондацијата Отворено Општество-Македонија.

Граматиката на Лант, излегла во1952 година, и имала 2.000 примероци. Објавена била од Државното книгоиздателство на НР Македонија во Скопје, а била печатена од „Југоштампа“ во Белград.

Фондацијата Отворено Општество –Македонија преку интернет за 140 долари откупила примерок од Граматиката на Лант кој е починат пред две години, од библиотека во САД. Првите 100 страници се посветени на морфологијата, од кои 40 на македонскиот глагол, 80 страници се илустративен јазичен материјал со извадоци од македонската литература (меѓу кои од дела на Васил Иљоски и Владо Малески) и 100 страници се речник со околу 6.000 зборови, што воедно е и прв англиско-македонски речник.

„Граматиката била силен научно фундиран аргумент против оспорувањата на македонскиот јазик и македонската нација, кои доаѓале од повеќе страни и се претворале во вистинска пропагандна војна под Резолуцијата на Информбирото од 28 јуни, 1948 година. Се прашувам што би рекол покојниот Лант денес, за тоа дека оспорувањата на македонскиот јазик и нација се уште се рециклираат во некои псевдонаучни кругови во земјите во кои живеат сеништата на малите балкански имеријализми од 19 век? Што би рекол за загрижувачкото отсуство на македонската грижа за лекторатите по македонски јазик на странските универзитети? Што би рекол за поплавата од неразбирливи и нечитливи преводи кои не бомбардираат медиумите и издавачите, најчесто финансирани со буџетски пари, праша Владимир Милчин, извршен директор на ФООМ, кој беше модератор на дебатата за „Граматиката на македонскиот литературен јазик“ од Лант.

Милчин се осврна и на можните последици од официјалното омаловажување на словенските корени на Македонците, со кое, како што рече, „се раскинува органската врска меѓу нашиот идентитет и нашиот јазик, и во крајна линија се става под прашање максимата на неговиот пријател и соработник Блаже Конески дека јазикот е наша татковина.

Тој кажа дека преобјавувањето на Граматиката на Лант, е во насока на одбележување на 20-годишнината на Фондацијата, но и одговор на сите неосновани напади дека ФООМ работи против интересите на Македонија.

Лант во 1951 година добил грант од Универзитетот „Харвард“ за тримесечен престој во Македонија за да го проучува македонскиот јазик. Во работата и разбирањето на зборовните категории му помагал проф. Блаже Конески, кој во тоа време веќе го имал објавено првиот том од својата Граматика на македонскиот јазик. Со македонскиот јазик првпат се запознал на Карловиот универзитет во Прага, во 1946/1947.

[nggallery id=44]

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје