ВИДЕО: Промовиран Судско-медиумскиот совет во кој членуваат 11 медиуми и 10 судии

Од:

Во присуство на американскиот амбасадор, Џес Бејли, и министерката за правда Рената Десковска, беше промовиран судско-медиумскиот совет во кој членуваат 11 новинари од 11 медиуми и 10 судии.

За подобрување на комуникацијата на судиите и новинарите, односно граѓаните денеска за првпат се формира Судско-медиумски совет (СМС). За претседател на Советот избрана е Гордана Дувњак од ТВ1, а за потпретседател Илир Сулејмани, претседател на Основниот суд Скопје 2.

Во насока на поголема соработка и отворање на судовите кон јавноста, советот се формираше по претходни искуства на вакви советодавни тела во Соединетите Американски Држави. Амбасадата на САД донесе судии и обвинители, но и обучувачи на полицијата, обвинителствата и судовите од Америка, кои низ позитивни искуства им покажаа на судиите и на новинарите дека е возможна соработка меѓу двете страни во интерес на граѓаните, кои треба да видат што се случува во судството и кому треба да му веруваат во делењето на правдата.

Советот има 21 член, од кои 11-мина се новинари од различни медиуми и 10-мина судии и претседатели на судови. Мандатот на сите им трае 2 години, работењето е без надомест, доброволно. Овој Совет го формира Здружението на судии на Македонија за да ја зголеми транспaрентноста на судството.

Би можело да ве интересира

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“