А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Промовиран паркот на „Макфест “ во Штип

by А1он16/04/2017 - 09:21167
Share0

Градоначалникот на Општина Штип Илчо Захариев синоќа во пресрет на Велигден пред штипјани го промовираше паркот на „Макфест“, кој се наоѓа во непосредна близина на Центарот за култура „Ацо Шопов“, каде што над три децении се одржува фестивалот на забавна музика „Макфест“.

Добивај вести на вибер

– Изградбата на паркот чинеше околу 130 илјади евра, средства обезбедени преку проект на Центарот за развој на ИПР, а преку Бирото за регионален развој. Се надеваме дека со амфитеатарот и сите други придружни содржини ова ќе прерасне во култно место. Штип имаше потреба од фонтана и од еден ваков парк, не само заради „Макфест“ туку и заради штипјани кои сега ќе имаат место за дружење, рече Захариев.

Проектот содржи фонтана, плато до фонтаната а поставени се и висечки мостови околу фонтаната. Исто така, на овој простор ќе бидат запишани и поранешните и идните победници на „Макфест“.

Идејата, конечно „Макфест“ да добие свое обележје во Штип наиде на позитивни рекации кај граѓаните. Штип е препознатлив по фестивалот на забавна музика „Макфест“ и треба да има нешто позабележително кога ќе дојдат луѓе од други места, велат штипјани.

Овој парк ќе биде местото каде во иднина ќе се означува стартот на најдобриот фестивал на забавни мелодии „Макфест“.

stip

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 12:47

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:17

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Горан Наумовски04/03/2026 - 11:18

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

Горан Наумовски04/03/2026 - 10:38

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он26/02/2026 - 16:2226/02/2026 - 16:15

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Катерина Ѓуровски09/02/2026 - 14:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто