Промовиран Новинарски прирачник за следење на избори

Од:

Здружението на новинарите денеска промовираше Новинарски прирачник за следење на избори.

Новинарот Ердем Ахмет на прес-конференција изјави дека целта не е да се научат новинарите како да следат избори, бидејќи тие си ја знаат работата, туку да го имаат прирачникот со себе и да се потсетат на одредени правила. Најважно, според него, е да се почитува етичкиот кодекс, кој не се однесува само на изборите туку воопшто.

novinarski-priracnik

Прирачникот, направен во џебно издание, содржи дел посветен на улогата на медиумите за време на изборите, на новинарската етика и изборите, дел за изборни нерегуларности, за јавниот сервис, Кодексот на новинарите и изборите, Меѓународната правна рамка за слободата на изразување, Македонска правна рамка за медиумско следење на избори и правилници за и пред изборната кампања.

Претседателот на новинарите Насер Селмани рече дека медиумите играат важна улога во обезбедување демократски амбиент за одржување фер и демократски избори.

– Изборите не се важни само за политичарите, кои за да ја добијат довербата на граѓаните даваат разни ветувања, туку се и за обичните граѓани.

– Обврска на новинарите е да бидат меѓу нив и да ги пренесат нивните грижи, изјави Селмани.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Реакција на ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

ССНМ и „Еднаква“: Новинарките сепак известуваат, не можете да ги замолчите

Горан Наумовски

Рекорден број на убиени новинари во 2025 година, Израел е одговорен за две третини од убиствата