Промовиран Каталог на изданија на Штипскиот универзитет

Од:

Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ (УГД) денеска го промовираше деветтиот Каталог на изданија. Лилјана Колева – Гудева одговорна за издавачката дејноста на УГД-Штип вели дека традицијата за издавање каталог продолжува и оваа година, којшто ги содржи сите изданија, кои биле публикувани од минатиот патронен празник до оваа година.

– Издавачката дејност во последните години бележи добар напредок. Електронската библиотека се збогатува за околу стотина електронски учебници и учебни помагала. Овој каталог содржи вкупно 152 изданија, од кои што 37 учебници, шеесеттина скрипти, практикуми, околу 14 периодични изданија. Така што можеме да се пофалиме со тоа што е сработено во минатата година, рече Колева-Гудева.

Во рамките на настанот Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ ја доби и донацијата од Тодор Кралев, професор Емеритус. Неговата ќерка Наташа Кралева вели дека донацијата од 200 стручни книги од нејзиниот татко се подаруваат на Националната установа-Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“-Штип, а ќе можат да ја користат студентите, со што ќе се започнаат со неговото 47-годишно творештво.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена