Промотивен словенечко-македонски бизнис ден во Штип

Од:

Во организација на Општина Штип и Словенечко-македонскиот бизнис клуб во хотелот Оаза во Штип денес се одржа промотивен словенечко-македонски бизнис ден на кој присуствуваа амбасадорот на Република Словенија, Бранко Раковец, градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев и претставници на бизнис-клубот.

„Штип има голем индустриски потенцијал, а токму ваквиот потенцијал беше причината поради која бизнис-клубот решивме денес да ја организира ваквата средба преку која се отвораат нови можности за потенцијална соработка меѓу македонските и словенечките компании“,изјави директорот на Словенечко-македонскиот бизнис клуб, Дамир Кудри.

Амбасадорот на Република Словенија, Бранко Раковец, истакна дека приоритет на словенечката амбасада во Македонија е негувањето добрата бизнис- соработка меѓу двете земји поради што вратите на амбасадата се секогаш отворени за словенечките и за македонските компании.
Според градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев, Штип како град нуди поволна бизнис-клима поради што се надева дека бројот на словенечки компании што сакаат да инвестираат во Штип во иднина ќе биде сè поголем.

Пред стартот на официјалниот дел на средбата словенечките и македонските компании што се членки на Словенечко-македонскиот бизнис клубот имаа можност преку промотивни штандови на штипјани да им ги претстават производите и услугите што ги нудат на пазарот.
М.Р.

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип