А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Промотивен концерт на воениот оркестар на АРМ во Гевгелија

by А1он24/09/2014 - 08:15122
Share0

На градскиот плоштад во Гевгелија со вечер со почеток во 19 часот ќе се одржи промотивен концерт на воениот оркестар на АРМ. Припадниците на баталјонот за почести ќе ја изведат точката „ЕГЗИРЦИР“ со која ќе демонстрираат висока строева извежбаност во работа со пушка.

Добивај вести на вибер

Воениот оркестар во траење од околу еден час пред граѓаните на Гевгелија ќе се претстави со филмска музика, обработена за оркестарска изведба.

Со овој промотивен концерт на воениот оркестар во Гевгелија, АРМ продолжува со реализацијата  на проектот за  соработка со локалната самоуправа во Република Македонија за 2014 година, чија  основна цел е низ дружење Армијата да се доближи до граѓаните и во градовите каде АРМ нема гарнизони.

Во текот на минатата година воениот оркестар имаше успешен настап во Битола, Прилеп, Струга, Охрид, Радовиш и Струмица, а на крајот од годината се одржа и Новогодишен концерт во Домот на АРМ во Скопје. Во 2014 година воениот оркестар и припадниците на баталјонот за почести настапија во Македонски Брод и Делчево, а во наредниот месец е планирано да гостуваат во Крива Паланка.

armgevgelija

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

Горан Наумовски25/09/2025 - 16:25

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Горан Наумовски25/09/2025 - 15:12

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски25/09/2025 - 12:1425/09/2025 - 12:59

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

Горан Наумовски15/09/2025 - 14:00

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

Горан Наумовски18/08/2025 - 14:09

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски18/08/2025 - 09:5418/08/2025 - 09:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен