Промоција на публикацијата „Правна анализа“ во рамките на проектот „Зајакнување на независноста на судиите во Република Македонија – подобрување на капацитетите на судството“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Здружението на судиите на РМ, а во соработка со Амбасадата на САД.
Предмет на анализата е насочен кон две фокус точки кои се издвојуваат според сериозноста и комплексноста: „Анализа на казнената политика во судовите во Република Македонија и практична примена на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната“ и „Примена на алтернативните мерки со акцент на пробацијата во Република Македонија“.
На промоцијата излагање ќе имаат авторите на публикацијата, а учество ќе земат судии, обвинители, адвокати и други правни практичари, како и претставници од академската заедница во Република Македонија.