Промоција на програмите на Меѓународниот вишеградски фонд

Од:

Во Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи промоција на можностите за учество на македонските невладини организации и администрацијата во програмите на Меѓународниот Вишеградски Фонд за соработка со земјите од Балканот.

Настанот ќе го отворат министерот за надворешни работи Никола Попоски, амбасадорот на Република Словачка, Мартин Безак и извршната директорка на Меѓународниот Вишеградски Фонд, Карла Вурстерова. На промоцијата ќе присуствуваат претставници на невладиниот сектор и администрацијата од Македонија.

Меѓународниот Вишеградски Фонд е институција на Вишеградската група која ја сочинуваат Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, преку која се финансираат проекти за регионална соработка во областа на образованието, културата, младите, развојот на граѓанското општество и друго.

Би можело да ве интересира

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов