Промоција на Практикум за постапување во случаи на семејно насилство

Од:

„Практикум за обука на професионалци кои постапуваат во случаи на семејно насилство и насилство врз жена“ ќе биде промовиран денеска во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Промоцијата на Практикумот е резултат на одржаните работилници на тема „Зајакнување на националните капацитети за спречување на семејното насилство“, наменети за претставници на сите институции кои постапуваат во случаи на семејно насилство.

Воведно обраќање на промоцијата ќе имаат  директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Анета Арнаудовска и постојаниот претставник на ОН во Република Македонија, Луиза Винтон.

На промоцијата излагања ќе имаат дел од авторите на Практикумот, јавниот обвинител во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Спасенка Андонова, судијата на Основен суд Скопје II, Зора Треневска и судијата на Апелацискиот суд Скопје, Цветанка Периќ. Излагања поврзани со темата на Практикумот ќе имаат и Софија Спасовска од Министерство за труд и социјална политика  и специјалистот психијатар, психотерапевт во Првиот семеен центар на Град Скопје, Насер Дурмиши.

Промоцијата на Практикумот е во соработка со УНДП и со финансиска поддршка на Кралството Холандија.

Би можело да ве интересира

Уапсени шест малолетници во центарот на Скопје – краделе пари од врсници

А1он

„Глас против насилство“: Децата не се виновни за неуспехот на институциите да ги заштитат

А1он

Син нападна мајка во Велес

А1он

Ја претепа сопругата пред децата, па го пушти плинот и тргна да ја запали

А1он

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец

Притвор за тетовец кој ги тепал сопругата и ќерката и се заканувал дека ќе ги запали

A1on