Промоција на Охридско-струшкиот регион за американскиот пазар

Од:

Здружението Мултилингвална и мултикултурна хармонија во парнерство со катедрата за комуникации и маркетинг на универзитетот „Поинт Парк“ во Питсбург,  Сојузна американска држава Пенсилванија, денеска во Охрид ќе го претстави проектот „Интегриран маркетинг комуникациски (ИМК- ИМЦ), план за промоција на Охридско-струшкиот регион наменет за американски пазар“.

Проектот што е замислен во насока на промоција на Охридско-струшкиот регион на американскиот пазар е насочен кон таргет-групата „Бејби бум генерација” од САД. На презентацијата ќе биде најавен планот што ги содржи клучните наоди и препораки кои се резултат на двомесечната теренска работа на тимот „Шест Пионери” под менторство на професорите Јохан Ејсел и Стефан Гребински, како и препораки за начините за имплементација на планот. Презентерите ќе ги споделат и своите искуства од оваа уникатна едукативна размена, како и плановите за натамошнатата соработка со Универзитетот „Поинт Парк“.

На маргините на презентацијата е предвидено да бидат доделени и наградите за најдобра фотографија од изложбата што минатата година беше поставена во Изложбената галерија на Центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид, а организирана од катедрата за фотографија при Универзитетот „Поинт Парк“.

Проектот е дел од активноститена невладината организација Мултилингвална и мултикултурна хармонија за економски развој преку едукативна и културна размена со Америка, а поддржан е од „Поинт Парк“ универзитетот, проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија, Ротари клубот на Охрид, Ротаракт Клубот, Хотел „Горица”, Македонска Мисија за Хуманост.

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија