Промоција на можностите од Програмата за прекугранична соработка со Албанија

Од:

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, кој престојува во официјална посета на Албанија оствари средба со со заменик-министерот за Европа и надворешни работи, Сокол Дедја со кого разговарале за тековната соработка меѓу двете земји, со посебен акцент на Програмата за прекугранична соработка.

-Министерот Фазлиу и заменик министерот министерот Дедја се согласија да ги поддржат оперативните структури на двете земји со цел да се забрза реализацијата на активностите предвидени во оваа Програма. Посебен акцент беше ставен на активностите предвидени за спроведување на стратешки проект кој ќе се спроведува преку оваа Програма во прекуграничниот регион. Тие нагласија дека потребно е да се реагира во многу кратки рокови и оти координацијата и комуникацијата помеѓу оперативните структури на двете земји е повеќе од неопходна, соопшти Министерството за локална самоуправа.

Во наредниот период, двете министерства во тесна соработка ќе спроведат серија промотивни активности за афирмација на Програмата за прекугранична соработка како и информативни активности со цел информирање на јавноста со можностите за финансирање на стратешки проекти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Насилни протести во Албанија: Пиротехника, но и Молотови коктели се фрлаа кон зградата на владата

Горан Наумовски

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Албанска актерка ја тужи Владата во Тирана за кражба на нејзиното лице и глас за создавање „виртуелна министерка“

А1он

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

Спиропали: Заедничката иднина на Македонија и Албанија e во ЕУ

Горан Наумовски

ВИДЕО: Хаос во албанскиот парламент, пратениците се тепаа, летаа чадни бомби и шишиња

Катерина Ѓуровски