Промоција на мобилна апликација Picodemocracy

Од:

Фондацијата „Метаморфозис“, заедно со Македонски центар за европско образование (МЦЕО) и „Реактор“, денеска ја промовираше новата мобилна апликација Picodemocracy, преку која сите заинтересирани можат да поставуваат прашања или мини-референдуми на кои граѓаните ќе одговараат анонимно.

„На граѓаните треба да им се овозможи да го дадат своето мислење за сè што ги засега, за да можат да учествуваат во процесот на носење на одлуките. Со тоа, се зајакнуваат односите меѓу институциите и граѓаните, како и меѓусебната доверба. Кога граѓаните учествуваат во носењето на одлуките, тие чувствуваат и повеќе одговорност за нивното спроведување. Истовремено, и бараат одговорност и отчетност од институциите“, рече на денешната промоција програмскиот директор на Фондацијата „Метаморфозис“, Филип Стојановски.

Тој додаде оти приватноста на граѓаните е заштитена, тие не ги оставаат своите лични податоци при инсталација на апликацијата, а одговорите во вид на „да“ и „не“ се даваат во збирна форма. Таа е двојазична, односно може да се користи на македонски или на албански јазик, а резултатите од анкетите може да се споделат на социјалните мрежи. Сите заинтересирани можат бесплатно да ја инсталираат апликацијата на мобилни телефони со оперативен систем „андроид“ или „ИОС“ на „ајфон“.

Повеќе информации и фотографија од настанот во соопштението во прилог.

Би можело да ве интересира

„Метаморфозис“ реагира на ставовите на ЗНМ и ССНМ: Отпуштената новинарка Мемети не ги известувала шефовите за гостувања во емисии и пишувала за други медиуми

Жарко Настоски

Промовиран Порталот за отворено владино партнерство

Се одржа „Ден на Мајкрософт“ во Скопје: „Технологијата во облак (cloud) го помага општеството“

Ана Ололовска

Софтверски донации за поддршка на граѓанскиот сектор

Ана Ололовска

Градење одговорност преку граѓански ангажман

Наум Локоски

Завршна конференција на проектот „Отчетност преку граѓански ангажман“

Ана Ололовска