Промоција на „Македонски мултиетнички јазли – битки за едно или две општества“

Од:

На Државниот универзитет во Тетово денеска беше промовирано издание на албански јазик на книгата „Македонски мултиетнички јазли – битки за едно или две општества“ од Петар Атанасов, актуелен заменик-министер за образование и наука.

Според авторот, мултиетничките односи се меѓу два илитри предизвици што Македонија ги има во речиси тридецениската независност.

Во книгата е објаснет концептот на Македонија, како е изграден и како земјата, како што рече авторот, полека отстрануваше од една генерална идеја за квалитетен мултикултурализам и соживот, заеднички јазик меѓу заедниците што би придонел за подобар живот. Истовремено, рече, дадена е и една визија за иднината.

– Сите мора да го почитуваме т.н. концепт на граѓанска солидарност и соживот, но во теоријата познат и како граѓански национализам. Мора општеството да дојде до ниво да биде фер и правично кон секој граѓанин, но, се разбира, да се почитуваат елементите од Охридскиот рамковен договор, изјави Атанасов, додавајќи дека Македонија може да изгради квалитетен модел и концепт на соживот и мултикултурализам само во рамки на процесот на евроинтеграции.

Пратеничката Ѓулумсер Касапи, една од промоторите на книгата, рече дека уште кога ја прочитала на македонски, изразила желба и иницијатива книгата да биде преведена и на албански јазик бидејќи, како што рече, темата е актуелана и потребно е за неа да се разговара.

– Имаме потреба за разговор и разбирање меѓу народите, етничките, религиските или политичките припадности, за да дојдеме до состојба на вистински договор. Им ја препорачувам оваа книга на студентите од сите универзитети во Македонија од областа на хуманистичките науки, рече Касапи за книгата на Атанасов која и на албански јазик е во издание на „Просветно дело“.

Би можело да ве интересира

Али Ахмети стана почесен доктор на Тетовскиот универзитет, Груби вели: таква личност нацијата ретко раѓа

Жарко Настоски

„Тргни ги новинарите ми кажаа“, обезбедувањето ги замоли новинарите да ја напуштат зградата

Васко Маглешов

На новинарите не им беше дозволено да ја следат дисциплинската постапка за инспекторот Илиевски

Васко Маглешов

Петта меѓународна балканска конференција за спортски науки на ДУТ

Ана Ололовска

На ДУТ претставени програмите „Еразмус плус“ и „Еуропас“

Ана Ололовска

Студенти од ДУТ на пракса во ЕЛЕМ

Ана Ололовска