Промоција на краткометражен филм за покревање на јавната свест за ихтиозата

Од:

Краткометражен филм за покревање на јавната свест за ихтиозата, ретка болест на кожата, ќе биде прикажан денеска во Гостивар.

– Мај е месец за покревање на јавната свест за ихтиозата. Широката јавност се запозна со оваа ретка болест пред повеќе од една година. Сакав преку еден краткометражен филм од околу осум минути да ги прикажам моите 28 години живот што значи надеж и истрајност, во кој со леснотија ќе ги надминувам предзивиците, затоа што ги очекувам, живот во кој јас ќе носам светлина, истакна Јосиф Мишевски, пациент со ихтиоза.

Претседателот на Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“ – Битола, Весна Алексовска истакна дека во здружението има пациенти со 80 различни дијагнози.

– Министерот за здравство Венко Филипче додаде три нови лекови оваа година. Очекуваме решение и за другите потребни терапии, и за дијагнозата, очекуваме да се следи план кој ќе ни донесе подобра иднина. Остануваме на нашите барања и ги дополнуваме според потребите на пациентите и семејствата кои се соочуваат со ретки болести. Заслужуваме сите подобро здравство, подобро општество, додаде Алексовска.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години