Промоција на кандидатите во петок, дали ВМРО-ДПМНЕ почнува предвремена кампања

Од:

Членството на ВМРО-ДПМНЕ прима пораки со повик за учество на промоцијата на кандидатите за градоначалници утре, во петок во салата „Борис Трајковски“.

Во пораките кои се испратени со членството на ВМРО-ДПМНЕ пишува:

„Ве покануваме на ден 22.09.2017 година во петок на промоција на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, настанот ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 20 часот. Со почит ВМРО-ДПМНЕ.

Нема ништо спорно во повикот доколку не би се однесувал на петок, односно три дена пред почетокот на изборната кампања. Доколку се одржи промоцијата, тоа ќе биде во спротивност со Изборниот законик зошто ќе претставува предремен почеток на кампањата која е предвидена за стартува на 25 септември. Доколку се случи промоцијата, тоа би значело дека е смислен план за создавање лоша атмосфера за целата изборна кампања и фрлање сенка на изборниот процес.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус