Грантови во рамки на проектот „Градиме мостови“ ќе бидат промовирани денеска во средното училиште „Васил Антевски – Дрен“.
Со проектот се поддржуваат заеднички активности во училиштата кои вклучуваат ученици од различни заедници и различни наставни јазици со цел да се зголеми интеракцијата, разбирањето и интеграцијата во училишната средина.
На промоцијата е најавено присуство на министерката за образование и наука Рената Дескоска и шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен.