Промоција на електронска еколошка платформа „Екосфера“

Од:

Eлектронска еколошка платформа „Екосфера“ ќе биде промовирана денеска во Скопје. Целта на платформата е да им помогне на еколошките здруженија активно да учествуваат во консултативните процеси, да разменуваат информации со надлежните институции, медиуми и експерти, да развиваат партнерства и да соработуваат, да ги следат влијанијата врз животната средина и еколошките трендови на локално и национално ниво и да ја подобрат својата отчетност пред јавноста.

На промовијата на платформата ќе се обрати заменик- министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски.

Проектот го подготвија Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Скопје и Центарот за едукација, заштита на животната средина и природата „Биосфера“ од Битола, во соработка со министерствата за животна средина и просторно планирање и за информатичко општество и администрација, а со финансика поддршка од Програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд.

Би можело да ве интересира

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он

Дислокацијата на тешката индустрија е логичен почеток за новиот ГУП – експертите за планот на Шилегов

Предраг Петровиќ

Истражување: Размножувањето на египетските мршојадци во заробеништво клучно за нивното преживување, на Балканот регистрирани само 46 пара

Ана Ололовска