Промоција на две книги во Словачката амбасада

Од:

Ако некогаш браќата Кирил и Методиј ги поврзуваа и описменуваа Словените, вечерва една навидум таква  мала мисија имаше доцент д-р Звонко Танески.
Во Словачката амбасада во Република Македонија беа промовирани две книги за кои тој беше главниот „виновник“:  научниот труд „Македонско-словачки компаративни согледби (студии и интерпретации)“, споредби на македонски и словачки автори, како и романот „Патагонија“ од словачкиот автор Душан Митана, чиј превод е исто така дело на Танески.
За научниот труд, издание на Институтот за македонска литература од Скопје, зборуваа проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ и проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер, а романот „Патагонија“ во издание на културната установа „Блесок“ го престави проф. д-р. Елизабета Шелева.

Промоцијата ја отвори амбасадорот на Р. Словачка во Македонија – д-р Роберт Кирнаг кој воодушевен од присуството на љубителите на убавиот збор, на одличен македонски јазик ја истакна потребата двете „мали“ земји, Македонија и Словачка, да ја зголемат својата меѓусебна соработка, каков што пример за тоа може да послужи и вечерашната промоција.

 

 

Би можело да ве интересира

„Матица“ ја заокружува иницијативата „Подари книга, подари свет“ со голема донација за Македонците во Албанија

Морган Фримен за Доналд Трамп: Не можам да разберам како осуден криминалец може да биде претседател

Предраг Петровиќ

Левица: Министерот – глумец контра правата на културните работници

Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“

Македонскиот КИЦ во Загреб еден од партнерите на хрватската кино премиера на „Приказната за Силјан’

За наградата „Роман на годината“ во „трка“ 45 романи