А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Промоција на два труда за реформите во правосудниот систем во Македонија

by А1он19/02/2018 - 09:23175
Share0

„Реформа на судството во Република Македонија:Промена без реформи?“ и „Уставниот суд изгубен во судските реформи“ од авторот Денис Прешова денеска ќе бидат промовирани во Скопје, во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје и Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер за Македонија.

Добивај вести на вибер

Прешова, кој е соработник на Центарот за европски интеграции при ИДСЦС, во трудовите ги анализира тековните реформи во правосудниот сектор и нивната усогласеност со приоритетите на ЕУ.

Првиот труд „Реформа на судството во Република Македонија: Промена без реформи?“ ја анализира Стратегијата за реформа во правосудниот сектор за периодот 2017 – 2022 година, со акцент на реформите во Судскиот совет.

Додека, вториот труд насловен „Уставниот суд изгубен во судските реформи“ го обработува уставното судство во Македонија осврнувајќи се на потенцијалното позитивно влијание кое овој суд би можело да ја има врз судството, а низ призма на гореспоменатите судски реформи.

Стручен коментар на трудовите треба да даде поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Мирјана Лазаровска-Трајковска.

pravo

Би можело да ве интересира

Македонија на 63 место според „Индексот на владеење на правото“

А1он26/10/2022 - 14:3026/10/2022 - 15:15

Македонија на 64-то место во светот според Индексот за владеење на правото на Светскиот проект за правда

А1он15/10/2021 - 16:57

Бернс: Донираната опрема е чекор кон зајакнување на владеењето на правото

Ана Ололовска02/10/2019 - 12:04

Стапи во сила Законот за бесплатна правна помош

Ана Ололовска01/10/2019 - 14:56

Прибе: Независни политичари услов за владеење на правото

Ана Ололовска11/09/2019 - 14:2211/09/2019 - 15:17

Шкариќ: Злоупотреби на правото има многу, а за нив малку се зборува

Ана Ололовска10/05/2019 - 12:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен