Промоција на царинските олеснувања во Гостивар

Од:

Во рамки на кампањата на Царинската управа за промоција на царинските олеснувања, работилница на таа тема се одржа во Гостивар.

Присутни беа претставници на локалната бизнис-заедница, а работилницата ја отвори директорот на Царинската управа на Македонија, Ванчо Каргов.

„Работилницата има цел да поттикне помасовно користење на олеснувања во спроведувањето на царинските постапки, какви што се стоково царинење на граничните премини, примената на поедноставените царински постапки и постапки со економски ефект, користењето на алатките во рамки на е–Царината, но и погодностите од единствено поднесување на хартиени документи за сите постапки во Царинската управа”, вели Каргов.

На новинарско прашање, дали и кога 12-темина нововработени во Царинската управа, во согласност со Рамковниот договор, ќе добијат статус на царински службеници, Каргов со одговор дека последен пат вработување имало во текот на минатата година.

„Нема 12 нововработени, не знам од каде ви се информациите за тоа. Последен пат вработување имавме минатата година. Се однесува, претпоставувам, на одреден број вработени што се примени лани или предлани од К5 програмат,а каде што е одреден број што ги исполнува условите, во согласност со потребите на Царинската управа, го сменија статусот од државни службеници во царински службеници, меѓутоа не можат сите да бидат царински службеници”, одговори Каргов.

Работилницата што се одржа на ДУТ во Гостивар е во организација на Царинската управа на Република Македонија, заедно со Стопанската комора на Северозападна Македонија и АМЕРИТ – СИЗ Македонија Сообраќај.

Г.М.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ