Променливо облачно, во западните и крајните источни делови со локален дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо во западните и крајните источни делови со локален пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. UV=7

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Од УХМР најавија дека од петок следува период на сончево време со мала до умерена локална облачност.

Дневната температура ќе биде во пораст, а особено топло ќе биде во недела и во првите денови од следната седмица.

Би можело да ве интересира

Денeска облачно со сончеви периоди и повремен дожд

Горан Наумовски

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер

Денеска променливо облачно, температури до 16 степени

Денеска претежно облачно со слаб локален дожд

Времето денес: Претпладне сончево, попладне променливо облачно и ветровито