Променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец

Од:

Времето претпладне променливо облачно со сончеви периоди.

Попладне облачноста ќе се намали и до крајот на денот времето ќе биде ведро.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, особено претпладне.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 10 степени.

До вторник времето ќе биде стабилно со студени утра. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониски дневни температури.

Нов влажен бран се очекува во среда кон крајот на денот.

Би можело да ве интересира

Ведро и посвежо утринава, преку ден сончево

Денеска променливо облачно и максимални 33 степени

Денеска ќе е сончево и топло

Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Денеска променливо облачно, наместа со пороен дожд и грмежи

Денеска сончево и топло со температура до 37 степени

Горан Наумовски