Променливо облачно со сончеви периоди

Од:

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен претпладне долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Во недела во попладневните часови повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. Од понеделник дневните температури ќе бидат во пораст, освен по котлините каде ќе има услови за појава на магла.

Би можело да ве интересира

Претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди, свежи утра и високи дневни температури

Денеска сончево со мала до умерена облачност, температура до 20 степени

Денеска облачно и релативно топло, со локални врнежи од дожд

Горан Наумовски

Денеска ќе е променливо облачно, температурата до 19 степени

Денеска облачно со сончеви периоди, од среда дожд

Денеска променливо облачно со повремен локален дожд