Променливо облачно со повремен локален дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претежно во планинските региони во западните делови со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната од 11 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 15 степени.

Според УХМР, во наредните денови ќе биде свежо и ќе се задржи променливо облачно време со повремен дожд. Во петок и за време на викендот условите за врнежи ќе се намалат и ќе има повеќе сончеви периоди.

Би можело да ве интересира

Претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди, свежи утра и високи дневни температури

Денеска сончево со мала до умерена облачност, температура до 20 степени

Денеска облачно и релативно топло, со локални врнежи од дожд

Горан Наумовски

Денеска ќе е променливо облачно, температурата до 19 степени

Денеска облачно со сончеви периоди, од среда дожд

Денеска променливо облачно со повремен локален дожд