Променливо облачно со појава на магла

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а претпладне со појава на магла по одделни котлини. Попладне од запад облачноста ќе се зголемува и преку ноќта во крајните западни делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Како што соопштија од УХМР, преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно, а наутро ќе има појава на магла по котлините. Во петок и на почетокот на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер што ќе предизвика значителен пораст на дневните температури и побрзо топење на преостанатата снежна покривка.

Во недела се очекуваат врнежи од дожд, а ветерот ќе се промени во северен.

Би можело да ве интересира

Времето денес променливо облачно и студено

Променливо облачно со врнежи од снег на планините и дожд на пониските места

Студено утро, преку ден умерено до значително облачно

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди, по котлините магла

Променливо облачно, со магла по одделни котлини