Променливо облачно, магливо по котлините

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со магла по котлините, а попладне ќе се зголеми облачноста. Преку денот ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде претежно магливо, а околу пладне маглата делумно ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до утре претпладне времето ќе биде стабилно со магла по котлините. Под влијание на циклонска активност од утре кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта кон недела. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен, а од понеделник од северен правец, што ќе предизвика значително заладување и врнежите ќе преминат во снег и во повисоките места.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно, температурата до 18 степени

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер

Денеска променливо облачно, температури до 16 степени

Денеска претежно облачно со слаб локален дожд

Времето денес: Претпладне сончево, попладне променливо облачно и ветровито