Променливо облачно и ветровито

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и ветровито со локален дожд, претежно во западните и јужните делови, каде е можна и појава на грмежи.

Ќе дува засилен североисточен ветер на места со брзина од над 70 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и ветровито со умерен до засилен североисточен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 27 степени.

Утре и в четврток ќе има повеќе сончеви периоди и услови само за изолирана појава на краткотраен дожд. Потоа се очекува стабилно и потопло време.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно, температурата до 18 степени

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер

Денеска променливо облачно, температури до 16 степени

Денеска претежно облачно со слаб локален дожд

Времето денес: Претпладне сончево, попладне променливо облачно и ветровито