Променливо облачно и студено со повремени врнежи и засилен северен ветер

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието, засилен ветер од северен правец.

Максималните температури ќе бидат во интервал од 1 до 10 степени.

Во Скопје и околината облачно и студено, а претпладне со услови за слаб дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.

Во текот на утрешниот ден ќе биде променливо облачно, со услови за локален дожд, а на планините и на некои повисоки места, пред се во западните делови, ќе провејува снег.

Од четврток ќе има зголемување на сончевите периоди, а в петок ќе биде сончево со мала до умерена облачност, што ќе придонесе за раст на дневните температури.

Во наредните денови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер

Денеска променливо облачно, температури до 16 степени

Денеска претежно облачно со слаб локален дожд

Времето денес: Претпладне сончево, попладне променливо облачно и ветровито

Денеска сончево време со умерена облачност