Промени во зонската поделба на јавните паркиралишта на ЈП ПОЦ

Од:

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на општина Центар“ воведува измени во зонската поделба на јавните паркиралишта, временското ограничување за користење на паркиралиштата, начинот на наплата на паркирањето и начинот нa користење на повластената паркинг карта за деловен субјект и вработени во деловен субјект.

Промените на зоните се однесуваат на трите најфреквентни јавни паркиралишта „Дебар маало“, „Буњаковец“ и „Капиштец“. Од денеска, секторот „Дебар маало“ од зона 1 ќе премине во зона 01, а секторите „Буњаковец“ и „Капиштец“ од зона 2 ќе преминат во зона 1. Со овие промени, велат од општина Центар, ќе се добие подобра организација на паркиралиштата и ќе се воведе поголем степен на контрола и ред во паркирањето на територија на општината.

„За побрзо информирање на граѓаните за промените во зонската поделба, ЈП ПОЦ веќе ги обнови старите 99 информативни табли, а во наредните неколку дена ќе постави и 88 нови табли, што значително ќе им го олесни користењето на услугите на граѓаните коишто ги користат паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието и ќе им овозможи попрегледно и пофункционално паркирање во општина Центар“, велат од општината.

Новите информативни табли се двојазични, на македонски и англиски јазик, заради големиот број туристи коишто ја посетуваат општината. Таблите содржат информации за зоната, секторот, максимално дозволеното време на задржување, работно време, начинот на плаќање и цената на паркирањето по час и информации за контакт-центарот.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила