Променета трасата на автобуската линија 15А

Од:

Градските автобуси на линијата 15А од Ново Лисиче до Карпош 4 почнаа да сообраќаат по изменета траса, односно наместо преку „Рекорд“, ќе поминуваат преку мостот „Гоце Делчев“.

– Возилата на посочената линија ќе ги користат постојните, утврдени автобуски постојки долж трасата, а ќе возат по истиот возен ред како и до сега. Изменетиот режим на 15А ќе важи 3 месеци, односно станува збор за пробен период. Одлуката за ваквиот режим е донесена по барање на граѓаните, информираат од ЈСП.

На трасата на движење во насока од Ново Лисиче (терминал) кон Карпош 4, возилата како и до сега ќе се движат по улица „Февруарски поход“, булевар „Видое Смилевски Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „Кузман Јосифовски Питу“, па, преку булевар „Крсте Петков Мисирков“, булевар „Гоце Делчев“, булевар „Илинден“, улица „Бледски договор“, булевар „Партизански одреди“ и улица „Љубљанска“ во Карпош 4 (терминал).

Во насока, пак, од Карпош 4 (терминал) кон Ново Лисиче, возилата ќе се движат по булевар „Илинден“, булевар „Гоце Делчев“, булевар „Крсте Мисирков“, булевар „Кузман Јосифовски Питу“, булевар „Јане Сандански“, булевар „Видое Смилевски Бато“, улица „Февруарски поход“, до терминал во Ново Лисиче.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Бесплатен јавен превоз за студентите ќе има, Владата донесе одлука да му префрли 120 милиони денари на ЈСП

Предраг Петровиќ