Пролет во ноември до 23 степени

Од:

Во Берово минималната утринска температура изнесувала -1, во Струмица 2, Тетово и Демир Капија 3, Скопје–Петровец, Крива Паланка, Битола и Гевгелија Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, Маврови Анови и Лазарополе 5. Шест степени во Скопје–Зајчев Рид и Куманово, 7 во Охрид, Претор и Попова Шапка, 8 во Виница и Крушево.

Изутринава по одделни котлини има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 23 степени. Во Скопје, наутро во делови од котлината со појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со темепратури до 19 степени

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани