Прокисна покривот од училиштето „Лирија“ во Тетово

Од:

Учениците од основното училиште „Лирија“ во Тетово ја напуштија наставата и пред  зградата на општината го изразија своето незадоволство поради прокиснатиот покрив од нивното училиште.

Од управата на училиштето посочија дека повеќе пати ги известиле надлежните од централните и локални власти оти покривот што е во многу лоша состојба прокиснува по секои пообилни врнежи и побарале да им се определат средства за негова поправка или за некакво друго решение.

-На крајот од учебната 2015/2016 година во јуни месец испративме барање до Министерството за образование да ни се одобрат средства за реновирање или друго решение, но повторно одговорот беше негативен дека неам доволно средства и се надеваат дека во 2017 та година нешто ќе биде влезено во проект за изградба или реконструкција на училиштето, изјави директорката на ОУ „Лирија“ Шпреса Исеини.

Таа рече дека поради прокиснувањето ќе се забрани користење на ходникот и училниците на вториот кат а наставата ќе се одвива во останатите училници и тоа учениците од првата смена ќе учат во комбинирани паралелки додека оние од втората смена ќе работат со скратени часови.

Би можело да ве интересира

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии