Програмата на ЕК „Обуки за дигитални можности” достапна за студенти и претпријатија

Од:

Програмата на Европската комисија „Обуки за дигитални можности” (Digital Opportunity Traineeships) за напредни дигитални вештини во рамки на меѓугранични обуки за студенти од сите дисциплини е отворена и за студенти и претпријатија од Македонија.

Иницијативата се имплементира во рамки на програмата Еразмус + и нуди  можност за сите млади да добијат искуство во дигиталната сфера, поточно во делот на анализа на податоци, сајбербезбедност, но и многу други теми, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација.

– Со таа цел, а во координација со Европската комисија и еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел, Владата на Република Македонија, Министерството за информатичко општество и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги повикуваат сите заинтересирани високообразовни инститиуции да се пријават на повикот, да се приклучат на иницијативата и да воспостават партнерство со европските држави (програмските држави), но и со државите од Западен Балкан (партнерските држави), наведува МИОА.

Сите иницијативи треба да се објават на платформата www.ErasmusIntern.org со назнака „Digital Opportunity Traineeship“. Повеќе информации за оваа програма на линкот: https://ec.europa.eu/digital-single-market/en/digital-opportunity-traineeships-boosting-digital-skills-job.

Би можело да ве интересира

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески