Се бара прогласување епидемија на Голема кашлица во Скопје, 18 случаи досега

Од:

Комисијата за заштита од заразни болести препорача до министерот за здравство прогласување епидемија на голема кашлица за град Скопје.

Со оглед на последните бројки, 18 потврдени случаи со голема кашлица и имајќи предвид дека во изминатите денови овој број расте, особено на територија на град Скопје каде што се потврдени 14 случаи, се одлучивме да предложиме да препорачаме прогласување на епидемија за град Скопје, изјави денеска на прес-конференција претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски.

Според информациите, има нови 18 потврдени случаи со голема кашлица на територија на цела држава, од кои 14 на територија на главниот град.

Најновиот случај е четиригодишното девојче кое е хоспитализирано на детската Клиника. Таа е во добра здравствена состојба и со примени две дози на вакцина.

Во моментов има случаи на магарешка кашлица односно пертусис и тоа кај 8 деца на училишна возраст од општина Аеродром, а има по еден случај во Сарај и во Чаир. Другите три случаи се во фаза на испитување.

Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје Бесим Зекири ги повикува сите родители да ги вакцинираат децата.

„18 заразени со голема кашлица, овој број расте, затоа препорачуваме епидемија за град Скопје. Тоа треба да ни помогне во спречување на ризикот. Очекуваме да излезе упатство за постапување во ситуации на епидемии“ вели претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

Комисијата за заразни болести бара забрана за невакцинирани деца да одат во градинка.

“ Клучните активности треба да се насочени на пополнување на промашените вакцини, за пертусис, не е вакцинацијата на задоволително ниво. Препорачуваме на забрана за носење деца невакцинирани од пертусис во градинка. Фокусот е во заштита на најмалите, сите родители да се придржуваат до распоредот за вакцинација, која започнува од вториот месец “ рече Петличковски.

Според Петличковски, заразноста не е долга и трае неколку дена, а инкубацискиот период може да се движи од 7 до 21 ден.

Би можело да ве интересира

Во Србија уште едно бебе почина од голема кашлица

А1он

Десет нови случаи на голема кашлица, хоспитализирани три лица

Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 981 случај во државава

Нови 38 случаи на голема кашлица, од нив шестмина хоспитализирани

631 случај на голема кашлица во земјава, три нови хоспитализации

Катерина Ѓуровски

Нови шестмина хоспитализирани, вкупно 553 случаи на голема кашлица до 9 мај