Профил Никола Димитров: Преговарач на Црвенковски, советник на Груевски, министер на Заев

Од:

Од преговарач во име на Бранко Црвенковски во спорот со Грција и советник за национална безбедност на Никола Груевски, до министер за надворешни работи во владата на Зоран Заев.

Никола Димитров е изборот на новиот мандатар, а сите недиоумици за новата функција можеби беа решени со објавената фотографија на Фејсбук профилот на Димитров со Хојт Ји.

44-годишниот Димитров, успешно ја одржува кариерата повеќе од дваесет години, од советник, преку амбасадор до преговарач за името, без разлика кој беше на власт на Илинденска во Скопје. Никола Димитров е син на Димитар Димитров кој беше министер за образование во првата експертска влада и Ратка Димитрова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во првиот состав.

Кариерата ја почна во Министерството за надворешни работи во 1996 година, како меѓународен адвокат за човекови права во времето на СДСМ.

Во 1998 година со победата на ВМРО-ДПМНЕ и Љубчо Георгиевски неговиот татко Димитар Димитров станува министер за култура, а Никола Димитров две години подоцна беше унапреден во заменик министер за надворешни работи.

Стана и советник за национална безбедност во кабинетот на претседателот Борис Трајковски. Во 2001 година владата на ВМРО-ДПМНЕ го испраќа за амбасадор во Соединетите Американски Држави, истовремено кога неговиот татко Димитар Димитров е амбасадор во Москва.

„Со 32 години Никола Димитров е најмлад амбасадор во Вашингтон, па дури и неговата земја е помлада од него. Така напиша „The Washington Diplomat“ во декември 2004 година за македонскиот преговарач.

Во 2006 година, кога ВМРО-ДПМНЕ доаѓа на власт, Никола Димитров добива нова функција како советник за национална безбедност на Никола Груевски.

Тогаш медиумите пишуваа дека со назначувањето на Никола Димитров и Андреј Лепавцов за свои советници, Никола Груевски го зајакнува ВМРО-вското лоби во владата.

Токму ВМРО-ДПМНЕ повторно му дава нова престижна функција – го испраќа за амбасадор во 2009 година во Холандија каде ја обавува оваа должност се до 2013 година. За сето ова време Никола Димитров јавно не ја критикува власта на ВМРО-ДПМНЕ, ниту сите случувања во Македонија.

Неговата критика кон владата на Груевски јавноста ја слушна дури по 2014 година, кога конечно ја одбива понудата за замине за амбасадор во Москва и кога се вработи во Хашкиот институт за глобална правда.

Во март, 2015 година, во екот на „бомбите” од страна на опозицијата, се појави таканаречената „Амстердамска тројка” составена од Никола Димитров, Владимир Лазаревик и Перо Димшовски, сите екс функционери во владата на Никола Груевски.

– Го повикуваме членовите, симпатизерите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, да исправат глава и да се одважат да кажат не. Товарот на сегашното раководство и одговорноста за нивните постапки, мора да го сноси сегашното раководство. Ние сме должни да го превземеме нанесениот срам врз државата и врз партијата и да разговараме со опозицијата со чиста совест, пишуваше Димитров.

Но за кратко време, „Амстердамската тројка“ стана двојка, а на крај остана само Никола Димитров кој наместо да го врати ВМРО-вското членство, заврши во редовите на опозицијата. Во екот на протестите, Димитров беше на релација Холандија-Македонија и неколкупати се појави во улога на говорник на протестите од опозицијата во Скопје.

Ова, како и обидот со „Амстердамската тројка“ наиде на остра критика од поддржувачите на Никола Груевски кои негираа дека Димитров некогаш имал врска со ВМРО-ДПМНЕ.

– По потреба ВМРО-вец, по потреба соработник на СДСМ, човек кој игра на сигурно. Сите кризи и избори ги помина скриен во кабинетите, министерствата и амбасадите, момак кој функциите ги добиваше на тацна, а битките ги гледаше од дистанца, напиша Александар Даштевски.

Никола Димитров има завршено Правен факултет во Скопје, на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а магистрираше меѓународно право на Универзитетот во Кембриџ.

Би можело да ве интересира

Димитров: Употребата на терминот „северномакедонци“ е навреда за Македонците

Димитров: Ние Бугари нема да станеме, ама нема ни во ЕУ да се зачлениме

Горан Наумовски

Димитров: Голема лага е тврдењето дека билатералниот протокол не е поврзан со рамката

Си нашол бугарска верзија за да мафташ – Димитров му врати на Османи

Анита Петровска Рајковиќ

Димитров: Ѓаволот е во деталите, ЕУ не смее да го поддржи наративот на Путин што го користи Бугарија за да и овозможи кандидатура на Украина

Димитров до Ковачевски: Не е точно дека ЕУ ја оправдува уцената на Бугарија, не сте внимателен

Ана Ололовска