Професорскиот пленум: Продолжуваме со вонинституционално делување

Од:

Професорскиот пленум ја известува јавноста дека со денеска закажаната седница на Собранието на Република Македонија од 10.2.2015 година, на која е поднесен Предлог – закон за изменување на Законот за високото образование, не е испочитувано барањето на Професорскиот пленум за одлагање на примената на целиот пакет закони за високото образование до 2018 година, вклучително и Законот за воспитно – образовни установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование.

Јавноста, посочуваат, е запознаена дека Професорскиот пленум бара одлагање на примената на целиот пакет закони за високото образование до 2018 година како неопходен предуслов за отпочнување на работата за изготвувањето на нови законски решенија. Одложувањето на примената на пакетот закони е со цел за изработка на комплетно нов закон што ќе одговара на состојбите и потребите на образованието во Република Македонија.

„Со оглед на повеќепати изневерените очекувања од правно и институционално спречување на штетните пакет закони во високото образование, Професорскиот пленум ја известува јавноста дека ќе продолжи со вонинституционално делување сè до ставање во мирување на целиот пакет закони за високото образование до 2018 година.Професорскиот пленум му се приклучува на Студентскиот пленум во прогласувањето Автономна академска зона на 11.2.2015“, велат од Професорскиот пленум.

Би можело да ве интересира

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот