А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Професорскиот пленум го повика Ректорот Стојковски да го демантира МОН

by А1он13/01/2015 - 23:2814/01/2015 - 11:56150
Share0

Професорскиот пленум упатува јавно барање до Ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски да го демантира Министерството за образование и наука (МОН), дека Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ предложил, а МОН го прифатил предлогот за спроведување на пилот-проект за државен испит на само еден ден пред гласањето на законските измени во Собранието на РМ.

Добивај вести на вибер

Според соопштението, Ректорската управа на УКИМ одржала вонредна седница на 13 јануари и заклучила дека нејзиното барање упатено до ресорното министерство да се заложи кај овластените предлагачи „да се повлечат предложените законски решенија од собраниска процедура заради потребата од поопсежна дебата и согледување на сите аспекти од предложените измени“ не биле прифатени.

УКИМ во своето соопштение објавено на универзитетската веб-страница укажува дека на вонредната седницата донел одлука со која уште еднаш се „укажува дека за вакви суштински промени во високото образование се потребни продлабочени анализи… и детектирање на реалните проблеми“. Исто така, Ректорската управа му предложила на Собранието на РМ да „интервенира во предложените законски решенија, односно да пристапи кон одредени предлог решенија за подобрување на квалитетот на високото образование по спроведување на темелни анализи и пилот проекти“.

Тргнувајќи од јавно објавеното соопштение на Ректорската управа на УКИМ, каде што никаде не е споменато дека Универзитетот предлага пилот-проект за државниот испит, Професорскиот пленум бара од Ректорот Стојковски, јавно да го демантира Министерството за образование и наука.

plenumstudenti

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Горан Наумовски12/08/2025 - 10:43

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Горан Наумовски24/07/2025 - 14:06

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on23/07/2025 - 13:45

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ28/06/2025 - 22:4929/06/2025 - 09:23

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

Предраг Петровиќ07/06/2025 - 18:25

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Предраг Петровиќ07/06/2025 - 14:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен