Професорот Петер Рау почесен член на МНД-Битола

Од:

Управниот одбор на Македонското научно друштво-МНД Битола, денеска одржа свечена седница на која донесе одлука со која професорот д-р Петер Рау од Германија е избран за почесен член на Друштвото.

– Со оваа одлука, професорот Рау стана десеттиот почесен член на МНД-Битола со што се создаваат можности за соработка меѓу македонската и германската наука во сферата на книжевноста, посочи претседателот на МНД-Битола Игор Неделковски.

Д-р Петер Рау во моментов живее во Скопје и е редовен визитинг професор по германска книжевност на катедарата за германски јазик и германско јазична книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје, а неодамна беше промовиран и за почесен професор на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола.

– Убаво е кога ги поврзуваме македонската и германската култура. Македонскиот културен пејзаж изобилува со стара, вредна народна култура што за жал тоа во Германија го нема. Јас уживам кога го слушам и гледам македонското оро, и тоа е едно од моите најголеми доживувања и уживања за еден танц што навистина е народен. Тоа е култура, која за жал ние ја немаме бидејќи повозрасните германци слушаат кич, а помладите увезена странска музика, рече меѓудругото Рау искажувајќи благодарност за донесената одлука од страна на МНД-Битола.

На денешната свеченост по повод промоцијата за почесен член, д-р Петер Рау одржа предпристапно предавање на тема „Перцепцијата за Вагнер кај Ниче и Томас Ман“, а го проследија и новите редовни членови на МНД-Битола кои се приклучија на останатите 300 магистри и доктори на науки во Македонското научно друштво формирано во 1960 година во овој град.

Би можело да ве интересира

Сотирис Минас доаѓа во Македонија

Филмот „17“ на Косара Митиќ е македонски кандидат за Оскар

Предраг Петровиќ

Jazz Extravaganza – концерт на Емин, Шарески, Јосифовски и Петров

„Заедно за подобро утре“, хуманитарен концерт во Велес

„Охридско лето“ со четири џез-вечери отвора ново музичко поглавје

Украдените дела на Реноар, Сезан и Матис пронајдени по пет месеци во Италија

Предраг Петровиќ