Професорите му одговорија на ректорот: Престанете да манипулрате со нас

Од:

Тројцата професори Крсте Шајноски, Маргарита Матлиеска и Александар Костадиновски од Штипскиот универизитет кои штрајкуваат со глад и кои од денеска добија поддршка од своите колеги од повеќе градови, на ректорот на Универзитетот во Штип му се обраќаат со отворено писмо:

„Почитуван Ректоре,

Тврдите дека Универзитетот Гоце Делчев е неосновано вовлечен во проблем и без никаква своја вина. Само за потсетување: Државниот просветен инспекторат досега во неколку постапувања констатира работење спротивно на Законот за високото образование од страна на деканот на Економски факултет, како и од страна на дел од професорите вработени на Економскиот факултет. Како Ректор, веројатно требаше да поведете сметка за таквото работење на Економски факултет. Ништо не презедовте! За последниот случај којшто не’ принуди нас како професори, како и сета професорска фела и СОНК на ваков чекор, ние превентивно разговаравме со Вас да преземете мерки за да не се наруши кредибилитетот на Универзитетот.

Вие Ректоре, и покрај Вашето ветување дадено до нас, повторно не презедовте ништо, туку сето тоа беше само купување на време и нехуман чин на Ваше манипулирање со нас. Почитуван Ректоре, членовите на Рецензентските комисии ги има изгласано Наставно-научниот совет што значи дека истиот се согласил со стручноста и компететноста на предложените членови на Рецензентските комисии. За составот и структурата на Рецензентските комисии целосно се почитувани одредбите од Законот за високо образование, Статутот на УГД и Правилникот на УГД.

Рецензентските реферати се контролирани од универзитетско тело во кое членуваат: проректор за наука, проректор за настава, генерален секретар на УГД, декан на Економски факултет и секретар на Економски факултетот. Ова тело даде согласност дека Рецензетските комисии при изготвувањето на Рецензентските реферати целосно ги почитувале законските одредби при евалуацијата на нашите наставно-научни, научно-истражувачки и стручно-апликативни активности. Позитивното мислење на ова тело претставува виза Рефератите да бидат објавени во Универзитетски билтен. Почитуван Ректоре, во ова универзитетско тело влегуваат тројца редовни професори од УГД и двајца правници од УГД. Ректоре, зарем Вие го доведувате во прашање кредибилитетот на членовите кои Вие сте ги делигирале во ова тело?

Почитуван Ректоре, на крај Ве молиме да престанете да манипулирате со нас и со јавноста, и наместо енергијата да ја трошите на, по сите основи, неприфатливи предлози, најдете начин ВЕДНАШ да го решите проблемот што го создадовте, а тоа значи да се прифатат рефератите на рецензентските комисии“, се вели во отвореното писмо на тројцата професори како одговор на изјавата на ректорот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силна поддршка за СДСМ од партијата на Европски социјалисти

Емир Латифовиќ

Груевски не сакаше да влезе, пратениците се инаетеја

Ана Ололовска

Најмалку 11 загинати откако автобус удри во постојка во Анкара

Емир Латифовиќ

Почит и незаборав за прилепските бранители!

Емир Латифовиќ

Почина балерината Маја Плисецкаја

Емир Латифовиќ

ФОТО: Поројни дождови во Дебарско, одрони и прекинат локален сообраќај

Емир Латифовиќ