Проекти за поврзување на младите од Македонија и Бугарија

Од:

Во рамки на проектот „Меѓуграничен центар за млади претприемачи“ во Куманово, надлежните од Центарот за развој на североисточниот плански регион денеска го промовираа проектот од ИПА 2 компонента од програмата со меѓугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија 2014-2020 година, со кој младите од североисточниот и ќустендилскиот регион ќе се поврзат меѓу себе и ќе ги зајакнат своите претприемачки вештини.

Во проектот партнери се Центарот за развој на североисточниот плански регион од Македонија и Асоцијацијата-регионален центар за европски интеграции од Ќустендил.

– Како дел од поважните активности е формирање на меѓуграничен центар за млади претприемачи во Куманово со канцеларија во Куманово и во Ќустендил, обука на 40 лица, млади лица кои имаат идеја да започнат сопствен бизнис и кои веќе имаат некоја своја иновативна идеја со која би сакале да го надградат веќе постоечкиот бизнис. Се надеваме дека овие обуки, овој меѓуграничниот центар за млади лица ќе биде од корист на бизнис заедницата, односно младите претпримачи од двата региона, изјави раководителот на Центарот за развој на североисточниот регион, Младен Протиќ.

Младите од двата региони ќе имаат можност да присуствуваат на обуки, да се вмрежуваат и да креираат реални бизнис планови. Во рамките на проектот ќе биде креиран и веб- портал. Проектот, информираше Протиќ, ќе трае 15 месеци и е во вреднот од околу 110.000 евра, изјави Младен Протиќ, проект менаџер.

Вториот проект кој што е добиен во рамките на програмата за меѓугранична соработка Македонија и Бугарија е насловен „Промоција на туристички атракции во пограничниот регион во 3Д формат“.

Во рамките на овој проект основна цел е изработка на 3Д промотивни видеа кои што ќе бидат искористени за промоција на туристичките локалитети во секоја од општините кои што се дел од ќустендилската област или од североисточниот регион.

– Исто така во рамки на проектот ќе се извршат и градежни работи односно реконструкција на големата сала во општинската зграда на Крива Паланка и ќе се набави соодветна опрема со која ќе може да се проектираат овие 3Д видеа, изјави Денис Жерновски, проект менаџер.

Проектот има за цел подобрување на туристичкиот потенцијал на регионот со примена на иновативни средства за туристичка промоција, а надлежните се надеваат на зголемување на бројот на туристи, социјална и регионална кохезија.

Би можело да ве интересира

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското езеро

А1он

ЕК покрена три нови постапки против Бугарија поради кршење на прописите на ЕУ

А1он

Со заедничка резолуција во Европскиот парламент ќе покажеме дека сме добри соседи со Бугарија, вели Мицкоски

Муцунски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија до Европскиот парламент е стигнат и сега Софија е на потег

(ВИДЕО) Во Бугарија запленети 206 килограми кокаин во вредност од околу 18 милиони евра

А1он

Ќе се гради прекуграничниот тунел помеѓу Ѓуешево и Деве Баир на пругата од Коридорот 8

Горан Наумовски