Проект за зголемување на вработувањето лица со попреченост

Од:

„Центар за вработување на лица со хендикеп“ е новиот проект што почнуваат да го реализараат Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус – движење против хендикеп“. Проектот е дел од Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 година – ИПА.

Генерална цел на Проектот е поголемо вклучување на лицата со хендикеп на пазарот на труд преку подобрување на нивните вештини, образование, квалификации кои ќе придонесат за нивна целосна интеграција во општеството.

Преку овој проект ќе се изгради мост меѓу лицата со хендикеп и компаниите со цел обезбедување на сите неопходни и потребни стручни знаења, обуки и практики за јакнење на нивните вештини и капацитети кои ќе придонесат за нивен интегриран пристап до пазарот на труд.

Паралелно, компаниите ќе бидат информирани за бенефитите кои ќе ги добијат при вработување на лица со хендикеп за да се обезбедат адекватни услови за нивно целосно интегрирање.

Проектот и неговите цели ќе се разговара денеска на конференција во Скопје, на која е најавено присуство и на министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими и на директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години

48-годишен возач со автомобил удри во маж кој бил во инвалидска количка

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Владата преку Фонд за млади умови и засилена практична настава ќе ја зголемува вработеноста на младите

А1он