Проект за заштита на блатото во Дрилон, Албанија на брегот на Охридското eзеро

Од:

Вчера со потишување на Договор помеѓу финансиерот ГИЗ и општината Бучимас стартуваше проектот за заштита и реставрација на блатото Дрилон , како дел од проектот за конзервација и одржливост на биодиверзитетот на езерата од Дримскиот Басен , Охридско, Преспанско и Скадарско.

Овој проект е идејно активиран од страна на Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридското Езеро.

Ариан Мероли, албанскиот преставник во Билатералниот Секретаријат ги презентираше придобивките од овој проект за општината и за езерскиот еко систем.

Мероли воедно изјави: „Дрилонското блато се наоѓа во близина на популарна туристичка дестинација во Поградец и новата инфраструктура во него ќе биде развиена со цел да се заштити истото и да биде од интерес на обичните но и еколошки настроените туристи. Тоа исто така ќе служи и за развивање на свеста на пошироката јавност за заштита на биодиверзитетот и да се даде нова вредност на туризмот на Охридското Езеро“.

Инаку, на 24.11 во Охрид беше отпочнат проектот за заштита на Студенчишкото блато како еден од природните филтри за квалитетот на водата во езерото и пребивалиште на ендемичен жив свет.Тој проект е исто така дел од поширокиот проект за биодиверзитетот на езерата во Дримскиот Басен.

По отпочнувањето на сродниот проект и на албанска страна ,македонскиот преставник во Билатералниот секретаријат Дејан Пановски изјави: „Ако можеме вака заеднички да сработиме за зачувување на природните филтри- блатата, ако можеме заеднички да го сработиме и заеднички го добивме Дримскиот Проект, тогаш верувам дека ќе можеме да развиеме и заедничка заштита и управување со рибниот фонд во Охридското Езеро и заедничка туристичка промоција на регионот во интерес на економскиот развој и придобивки.Само така можеме напред“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена