Проект за развој на прекуграничен кластер за здравство

Од:

Центарот за развој на Источно-планскиот регион (ИПР), раководството на Клиничка болница-Штип и регионалното Здружение на лекари од Благоевградската област во Бугарија денеска на прес-конференција во Штип информираа дека успешно се реализира проектот „Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство“.

Директорите на Клиничка болница-Штип, Елизабета Папарова и Александар Стојановски истакнаа дека бенефит од овие проекти ќе имаат лекарите и медицинскиот персонал, кои ќе имаат обуки и ќе разменуваат искуства со своите колеги од Бугарија, а исто така во рамки на овој проект ќе се набави и софистицирана опрема за Одделението уво, нос и грло.

Директорката на Центарот за развој на ИПР, Драгица Здравева вели дека овој проект е почнат од октомври 2016 година, а ќе се реализира до октомври годинава. Финансиран е од ИПА фондовите на ЕУ преку Програмата за Меуѓугранична соработка Македонија-Бугарија.

– Очекувам и се надевам дека соработка ќе продолжи и на вториот повик од Програмата за меѓугранична соработка со Република Бугарија, кој што го очекуваме да биде во месец септември со предлог проекти и со многу поголеми буџети, инфраструктурни проекти и секако соработката да продолжи и на повиците на Програмата Балкан Медитеран и други европски фондови, рече Здравева.

Координаторот на проектот, Александар Николов вработен во Центарот за развој на ИПР вели дека овој проект се реализира со буџет од 126.000 евра, кој е балансиран.Претставниците од регионалното Здружение на лекари од Благоевгтрадската област во Бугарија на денешната прес-конференција истакнаа дека ова е втора прес-конференција за овој проект. Првата се одржа во Бугарија, каде што веќе имаше и размена на искуства и соработка меѓу лекарите од двете земји.

Би можело да ве интересира

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството