Проект на УСАИД за јакнење на граѓанското општество и вклученост на младите

Од:

Американската Агенција за Меѓународен Развој (УСАИД) денеска го започна Проектот за граѓанско учество (CEP), петгодишна иницијатива за поддршка на македонскиот граѓански сектор и младинските организации кои ги вклучуваат граѓаните, приватниот сектор и владините институции и засегнатите страни за прашања од јавен интерес.
 
Како што се наведува во соопштението, проектот ќе ги поддржи граѓанските организации  и коалиции на граѓански организации (ГО) фокусирани на приоритетни прашања од интерес на граѓаните на Македонија, ќе им помогне на ГО да го промовираат дијалогот, ќе организира едногодишна LEAD (Водство, Учество, Акција, Развој) програма која ќе им овозможи на мотивираните млади луѓе, вештини за да работат во рамките на нивните заедници. Исто така, LEAD ќе им овозможи на младите мажи и жени учество во јавниот живот и процесот на донесување одлуки за прашања кои влијаат на нивниот живот, заедниците и воопшто на македонското општество.
 
– Преку Проектот за граѓанско учество младите и граѓанските организации ќе се здобијат со знаење, мотивација, вредности и ќе развијат вештини кои ќе им овозможат активно да се вклучат во дијалогот со власта и приватниот сектор во акции кои ја промовираат добросостојбата во нивните заедници, истакна директорот на канцеларијата за развој на УСАИД Едвард Гонзалес.
 
Тој истакна дека целтта на УСАИД е зајакнување на комуникацијата и соработката помеѓу граѓаните и оние на кои тие им служат, како и поддршка на Граѓанските организации ефикасно да се вклучат со јавните институции и засегнатите страни.
 
Проектот за граѓанско учество е имплементиран од страна на Ист Вест Менаџмент Институт (East West Management Institute- ЕWMI), во партнерство со четири граѓански организации: Фондацијата за интернет и општество “Метаморфозис”, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), Фондацијата Отворено општество-Македонија (ФООМ), и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ). Ист Вест Менаџмент Институте независна непрофитна организација која работи на зајакнување на демократските општества преку здружување на власта, граѓанското општество и приватниот сектор да изградат одговорни, кадарни и транспарентни институции кои им служат на граѓаните и работат за нивно добро.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот Ибраими се пофали дека арачиновци плаќаат данок: Општината веќе не е „црна овца“

Александар Тодески

Граничниот премин Ќафасан ни го опремуваат Американците, со донација и техничка помош

Жарко Настоски

Промовиран Порталот за отворено владино партнерство

Дополнителна поддршка од 15.929.675 долари од УСАИД

А1он

САД би можеле да ја укинат цела помош за БиХ

(ВИДЕО) Николовски: Креираме развојни политики за млекопроизводството