Проект на СВР-Битола „Полицијата твој пријател“

Од:

Одделот за превенција при СВР-Битола започна со реализација на проектот „Полицијата твој пријател“ во кој меѓу другото ќе биде изведена театарска претстава со наслов „Таа беше посебна“ во чија содржина доминира превенцијата од дрога.

Целна група во проектот се ученици и родителите на учениците за кои беше изведено посебно истражување, посочи Магдалена Димитровска, раководител на отсекот за превенција во СВР-Битола.

– Во изминатиот период работевме на низа превентивни активности од областа на дрогата. Реализирани се работилници, презентации и самостојна работа на учениците во поглед на превенцијата од дрога. Според истражувањата на ОБСЕ, граѓаните и полицијата на територијата на СВР-Битола се загрижени за проблемот со дрогата и затоа се наметна потребата за реализација на нов проект посветен на младите и родителите кој на поприфатлив начин ќе придонесе за зголемување на свеста за опасности од дрога, истакна Димитровска.

Театарската претстава „Таа беше посебна“ е именувана на предлог на учениците, а текстот и кореографијата ги подготви Центар за странски јазици „Волшебно сонце“ и ќе биде изведена вечер во големата сала на НУ Центар за култура во Битола.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски