Продолжуваат оштетувањата на македонски возила во Грција

Од:

МВР извести дека пет нови случаи на оштетувања на возила, се пријавени од страна на македонски државјани кои престојувале во Грција, со што вкупниот број на вакви инциденти летово се искачи на 50 случаи.

Вчера, на граничниот премин „Меџитлија“, Д.А. од Битола, пријавил дека неговото „бмв“ било оштетено во туристичкото место Неа Врасна. На истиот премин, скопјанецот А.Д. пријавил дека возилото му било оштетено во Лефкада, а возилото на неговиот сограѓанин И.Т. ја алармирал полицијата дека од возилото во Калитеа му била одземена една регистерска табличка.

Во четвртиот случај, на граничниот премин „Богородица“, Б.Е. од Скопје, пријавил дека исто така во Калитеа му биле украдени табличките, а на Б.Н. од Скопје, во Неа Мудања му е украдена предната регистерска табличка.

Би можело да ве интересира

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони