Продолжуваат извинувањата за клеветите против Јосифовски

Од:

Интернет-порталите кои изминатите месеци објавуваа клеветнички написи поврзани со претседателот на управниот одбор на Макпетрол, Андреја Јосифовски, деновиве продолжуваат со јавните извинувања. Еден од низата медиуми кои објавија извинување е „Инфомакс“ – портал кој во изминатите месеци во повеќе наврати објавуваше невистинити текстови со измислени обвинувања кон Јосифовски.

Ова, заедно со текстовите објавени на други портали, ги подгреа сомнежите дека во тек е нарачана и платена кампања за оцрнување на Јосифовски. Сега, порталите се принудени да се извинуваат и да се повлекуваат од објавените невистини, кои немаат допирни точки со новинарството. Ниту еден од порталите кои ги објавуваа клеветничките текстови, не се обратија за да побараат изјава и да ја слушнат втората страна, што е еден од темелите на објективното новинарство.

Очигледната тенденциозност на објавените лажни написи ја забележа и Сервисот за проверка на факти од медиумите, кој во неколку наврати реагираше и ги рецензираше ваквите непрофесионалните текстови.

Последното извинување дојде од агенцијата „Макфакс“, чии уредници се повлекоа од објавениот напис во кој лажно се тврдеше дека Јосифовски бил инволвиран во криминал, односно преку офшор-компанија сакал да им наштети на акционерите. Претходно, извинувања објавија и порталите: Кајгана, Мкд.мк, Позитив.мк, Популарно.мк…

Андреја Јосифовски ги демантираше лажните написи поврзани со наводни офшор-компании во негова сопственост, по што уследи писмо од неговиот адвокатски тим до непрофесионалните портали кои ги објавиjа. Ваквите написи ги засилија сомневањата дека зад смислената и нарачана кампања против Јосифовски стојат луѓето поврзани со анонимната фирма „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“.Во изминатите месеци, новинарите-истражувачи објавија низа информации за  руско-украинските бизнисмени кои се обидуваат да го преземат Макпетрол, кои говорат за сомнителни зделки и корупција во нивното минато. Според досегашните случувања, нарачаните текстови против раководството на Макпетрол наликуваат на обид на овие „инвеститори“ преку лаги и клевети да го насочат вниманието на јавноста подалеку од нив и од нивното матно минато.

Би можело да ве интересира

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство