Продолжува топлотниот бран во земјава

Од:

Топлотниот бран во земјава продолжува и во наредните денови.

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 37 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40 степени. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Здравствените власите алармираат да се почитуваат препораките, да не се излегува во најжешкото од 11 до 17 часот ако нема исклучителна потреба, ова особено важи за повозрасните лица, за хронично болните и бремените жени.

Информациите велат дека во Брзата помош драстично се зголемени повиците перидот, најмногу поради колапси, проблеми со притисокот како и кај луѓето со хорнични болести.

Би можело да ве интересира

Сончево и топло време со температура до 35 степени

А1он

Сончево и топло време со температура до 33 степени Целзиусови

А1он

Топло со високи температури и следната седмица

Топло и денеска и следната недела

Викендов до 36 степени, топло и следната недела

Температури до 46 степени во Италија – метеоролозите предупредуваат на „супер тропски ноќи“

А1он